Фејсбук и Инстаграм ни помагаат да комуницираме со пријателите и семејството, но ако поминуваме многу време на социјалните мрежи, тогаш може да се чувствуваме повеќе осамени отколку што реално сме, покажува најновото истражување.
Колку повеќе време млада личност поминува на социјалните медиуми, толку повеќе ќе се чувствува општествено изолирана, според психолозите од Универзитетот во Питсбург. Тие велат дека кај нив се создава завист и верување дека другите водат посреќен и поисполнет живот.
Истражувачите откриле дека учесниците кои користат социјални медиуми повеќе од два часа на денот имаат два пати поголема веројатност да чувствуваат социјална изолираност отколку лицата кои поминуваат само половина час на социјалните мрежи.
Во студијата учествувале 1.787 возрасни лица помеѓу 19 и 32 години. Се заклучило дека заради прекумерното користење на социјалните мрежи се намалувало времето за интеракција во реалниот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст