Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови. Ќе дува умерен дo засилен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури ќе се движат од 2 до 9 степени, додека дневните ќе бидат во интервал 4 до 15 степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 7 и дневна до 15 степени.
До крајот на работната недела нашево подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови што ќе услови претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Наместа ќе има услови за ретки грмежи. На планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка.
Од среда ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.
Во петок во текот на денот врежите ќе престануваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст