Некој тука треба да си го стави прстот на чело, бидејќи тука се погазени два принципи, изјави вечерва пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата „Јади Бурек“ на „Сител 3“.
– Првиот погазен принцип е дека не може некој од македонскиот народ да биде погазен од страна на некој друг народ, не може во Македонија да не се почитува Македонците да не бидат вклучени во гласањето и носењето на буџетот, законите… Јас го почитувам мнозинството да учествуваат и Албанците, Турците, Власите во носењето на законите, ВМРО-ДПМНЕ од 2008-та секогаш ги вклучувал другите националности во носењето на законите, но не може и не треба да се исклучи македонскиот народ во носењето на големите одлуки, како што се химната, јазикот, знамето и нивно менување, но Зоран Заев тоа сака да го наметне – изјави Димовски.
Тој истакна и дека тука станува збор за посериозни прашања, не само за промена на парите, јазикот, а поради ова се јавува и искрата кај народот за протест на улиците.
-Ако од СДСМ правеле проценка дека на 50 луѓе од ВМРО-ДПМНЕ ќе им ја кршат кичмата со СЈО, заврши тоа, народот не може да го запрете да излезе на протест, тоа не го пресметале, не го виделе, дека овој народ не можат да го запрат да излезе на улица – изјави тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вие одлучивте во овој мандат да не се гради Клинички центар
-
Илија Димовски: Доколку се заврши оваа процедура, одговорно тврдам дека покрај Преамбулата, во Уставот ќе бидат променети најмалку 51 член (видео)
-
Со зборови на СДСМ, дури кога режимот бил пуштен на најјако, вака не било
-
Изборот на составот на ДИК и референдумот неизвесни?