| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца загинати, 600.000 семејства без струја поради бура во Франција

Поради тешка бура во Франција загинаа две лица, а 600.000 домаќинства останаа без електрична енергија.

Еден возач загинал откако врз неговиот камион паднала голема гранка, а другото лице загинало откако врз неговиот автомобил паднало 20-метарско дрво.

На одредени места налетот на бурата достигнува до 193 километри на час.

Три млади лица се тешко повредени во западна Франција, а четири деца се полесно повредени во југозападниот град Грив при пад на покрив на училиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top