Голем број гевгеличани преку мирен и достоинствен марш и вечерва и дадоа подршка на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, искажувајќи целосна подршка на барањата за заштита на јазикот и унитарноста на државата.
– Укажуваме на важноста од почитување на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик на целата територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи и употребата на јазиците и писмата на малцинските етнички заедници согласно Уставот. Велиме не за двојазичноста и бинационална држава, рече Ката Ичоќаева од граѓанската иницијатива.
Учесниците на маршот во Гевгелија инсистираат да се отфрли платформата на албанските партии срочена во друга држава и побараа да се направи електронски попис на населението, во согласност со европските стандарди.
Маршот се одвиваше по улиците во центарот на градот и заврши на шеталиштето во Гевгелија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст