Ако денеска не се распишат локалните избори, тогаш тие можат да се одложат со измена на изборниот законик што би биле само за овие избори а за што е потребно дво третинско мнозинство во парламентот.
Рокот за распишување на изборите истекува на полноќ, што значи за да се испочитува треба пратениците денеска да продолжат со конститутивната седница и да изберат претседател кој пак ќе ги распише локалните избори законски предвидени во првата половина на мај. Според изборниот законик од распишување до одржување на изборите треба да поминат од 70 до 90 дена.
„Изборите за членови на совет и за градоначалник се одржуваат секоја четврта година истовремено во сите општини, во првата половина во месец мај“, стои во член 16, став 1 од Изборниот законик.
Ако изборите не се одржат во мај, градоначалниците и општинските совети повеќе нема да имаат никакви надлежности и токму затоа се потребни измени во Изборниот законик и нов датум за локални избори.
Од ВМРО-ДПМНЕ се за нови, брзи, предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните, во мај. Од СДСМ велат дека ќе почекаат Иванов да се премисли, да му го даде мандатот на Заев, да се свика собранието на кое ќе се изгласа претседател и ќе се отпочне со формирање на нова влада. Од ДУИ и Беса се за локални избори во законскиот рок односно во мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст