| четврток, 6 декември 2018 |

Петер Сијарто: Неприфатливо е ова што се случува, имаме цврст став против т.н. Албанска платформа

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто попладнево ќе побара од своите колеги-шефови на дипломатиите на земјите-членки на Европската унија на Советот за надворешни работи да ја осудат т.н. албанска платформа во Македонија и мешањето на странски премиер и држава во внатрешни работи на соседна земја, јави дописникот на МИА од Брисел.

Ова во изјава за МИА предмалку го потврди самиот Сијарто, посочувајќи дека тој ова го побарал и на минатиот состанок на Советот на Унијата, но оти немало реакција, поради што најавува негова гласност со цел осуда на истото во име на Европската унија.

За време на последниот состанок на Советот за надворешни работи, јас ги повикав нашите европски пријатели да излезат во однос на ова и да објават став во за него, бидејќи е многу чудно што некои партии имаат или немаат дозвола да одат во коалиција со една или друга партија на територија на друга земја. Па, ова беше многу чудна процедура, но уште почудно беше што Европската унија не кажа ништо за тоа. Ние досега бевме многу гласни за тоа, исто така и отворени, а и ќе продолжиме да бидеме такви. Денеска, на состанокот на Советот за надворешни работи, каде на агендата ги имаме и Западниот Балкан, јас ќе бидам многу силен за ова. Причината е што е едноставно неприфатливо она што се случува. Нашиот став е многу цврст без оглед на тоа дали ќе останеме сами или ќе бидеме тројца, четворица или петмина против т.н. албанска платформа, најави Сијарто во изјава за МИА. 

Покрај шефот на унгарската дипломатија, официјален став од ЕУ со осуда на албанската платформа се очекува да побараат и неговиот австриски колега Себастијан Курц, како и министрите за надворешни работи на Словенија и Грција, Карл Ерјавец и Никос Коѕијас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top