Во неговата втора сезона како играч на заем од италијанскиот шампион, Кингсли Коман не се покажа во најдобро светло, но неговата форма полека се подобрува. Сепак, баварскиот клуб реши да го откупи комплетно неговиот договор од Јувентус. Тоа го потврди и претседателот на клубот, Карл Хајнц Румениге.
21–годишниот Коман пристигна во Минхен на двегодишен заем од Јувентус во 2015 година, по само 15 одиграни натпревари за „старата дама“ откако го напушти матичниот клуб ПСЖ.
„Баварците“ тогаш платија 13 милиони евра за неговите услуги за двегодишен заем, а, според договорот, германскиот шампион плати отштета од 20 милиони евра за Коман да остане комплетно на „Алијанц арена“.
Французинот е еден од најголемите таленти во Европа, а е познат по тоа што освојува титули каде и да заигра. Почна со ПСЖ каде што двапати освои титула во домашното првенство и еднаш во домашниот куп, потоа со Јувентус ја освоија Серија А во пакет со купот, додека со Баерн Минхен минатата сезона повторно освои двојна круна во првенството и купот, а, исто така, е на добар пат да ја одбрани Бундеслигата оваа сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент