Во рамките на 18. коло од црногорската Втора лига, се одиграа пет натпревари кои верувале или не, сите завршија со идентичен резултат 0-0.
Дербито меѓу Ибар од Рожаја и Ком заврши без голови, а со истиот резултат завршија и дуелите Челик – Отрант Олимпик како и Беране против Цетиње. Со идентични резултати завршија и пресметките помеѓу Братство – Беране Раднички и Језеро – Морнар.
Екипата на Игало беше слободна овој викенд, бидејќи Графичар отпадна во раните фази на натпреварувањето.
Ибар останува на чело на табелата со 35 бода, еден бод и натпревар помалку има второпласираниот Ком.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.