| четврток, 6 декември 2018 |

Момче прободено со нож по расправија за мобилен телефон

Дваесет и едногодишно момче е повредено во левата потколеница од убод со нож при вербална расправија меѓу две групи, што се случила синоќа околу 19:30 часот на ул. „133“ во Тетово.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, во расправијата, во која од една страна учествувале 10 до 12 лица, а од другата страна шест лица, Е.Ц. на Ѓ.Д. со нож му нанел убодна рана во пределот на левата натколеница.

Како причина за насилството се наведува тоа што Ѓ.Д му продал мобилен телефон на Е.Ц и не го исклучил фејсбук профилот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top