| четврток, 6 декември 2018 |

Луд предлог на руски политичар пред СП 2018, да се легализира хулиганизмот!

huligani

Русија е домаќин на Светското првенство во 2018 година, а на една година пред стартот на истото доаѓа интересна идеја од земјата, за која се вели дека може да донесе мир на улиците.

Имено, Игор Лебедев, политичар кој е дел од рускиот парламент, дал идеја пред СП 2018 да се легализира хулиганизмот во Русија, со цел да се придонесе за мир на улиците. Предложено е навивачките тепачки да се одржуваат во сала и да бидат вид на спорт во кој љубителите ќе може да уживаат.

Лебедев вели дека ако се донесе овој закон, ќе се намали агресијата во земјата и ќе има помалку инциденти на улиците. Предлогот е во една борба да се тепаат „20 на 20“, а да не смее да се користи оружје, нешто што многу често може да се забележи преку видеа на социјалните мрежи кои ги организраат руските навивачки групи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top