Корисниците на социјалната мрежа Фејсбук, со години можат само да „лајкнуваат“ објави, па многумина од нив бараа да се воведе и опција „дислајк“ со која би можеле да го изразат незадоволството на објавите и фотографиите на оваа мрежа.
Шефот на социјалната мрежа уште одамна истакна дека нема да ја воведе таа опција, но во компанијата сепак се одлучиле на промени, па воведоа реакции кои ќе можат да се искористат на објавите. Една од нив е и лутото смајли со кое се изразува незадоволство.
Сепак, палецот свртен надолу, наскоро би можел да биде достапен на оваа мрежа, но барем за сега, корисниците нема да можат да ја користат опцијата „дислајк“ на сите објави, туку таа најверојатно за почеток ќе биде достапна на само на Месинџер каде во моментов компанијата ја тестираа оваа опција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.