| четврток, 6 декември 2018 |

Пад од две места на новата ВТА листа за Лина Ѓорческа

lina gjorceska

На најновата ВТА листа во сингл конкуренција македонската најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа се најде на 193. место, што е две места послабо од нејзиниот најдобар пласман минатата седмица.

Тетовчанката поради ситна повреда веќе две недели е без настап на тениските терени, па за очекување беше овој мал пад на табелата.

Во конкуренција на двојки Лина со 534 поени остана на 138. место, додека во машка конкуренција најдоброрангиран наш тенисер повторно е Томислав Јотовски (774. позиција), додека Димитар Грабул е на 1034. место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top