| четврток, 6 декември 2018 |

„Книга подарок за посебна дама како тебе“ ја објави „Антолог“

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го најавува објавувањето на „Книга подарок за посебна дама како тебе“.

Книгата содржи прекрасни мисли за жената, еден мотивирачки љубовен сплет, преубави илустрации, како и можност самите да ја надополните со својата приказна наменета за онаа личност на која сакате да ѝ ја подарите.

Авторката на книгата, Бојана Цветкова, има 27 години и по професија е маркетинг менаџер. Инспирација за книгата ѝ била љубовта кон нејзината мајка, која решила да ѝ ја покаже така што ќе ѝ подари книга посветена специјално за неа, но истовремено да ја овековечи и вечната љубов кон жената како инспирација и двигател на животот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top