Под мотото „Чиста индивидуалност“ (PURE INDIVIDUALITY ), Моден викенд Скопје на своето петнаесетто јубилејно издание кое ќе се одржува од 31 март до 2 април, во салонот на „Порше Македонија“ ќе ја слави вистинската женска убавина и посебноста која секоја жена ја носи, соопштија од Моден викенд Скопје.
Заштитните лица на пролетното издание се моделите Симона Ангеловска, поранешната српска мисица Ања Шарановиќ и Викторија Ристовска од модната агенција „Подиум“.
Подготовките за сезоната пролет/лето 2017 започнаа со фотосесијата која се одржа викендов на терените на коњичкиот клуб „Дона“ во Радишани, пред објективот на познатата модна блогерка Јована Зука, која по трет пат го осмисли и концеп-дизајнот за визуелниот имиџ на сезоната.
– Преку профилите на три дистинктивни девојки ја славиме соголената, чиста убавина и го истакнуваме моментот пред трансформацијата за пистата и пред облекувањето во автентичниот македонски дизајн кој веќе 15 сезони се пласира на Моден викенд Скопје – велат организаторите.
Бекстејџ фотографиите ги потпишува Марина Трајковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст