| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп удри по Терминаторот: Отпуштен е, не даде отказ!

Американскиот претседател саркастично го коментираше славниот Арнолд Шварценгер откако холивудскиот актер и поранешниот калифорниски гувернер изјави дека поради него го напушта телевизиското шоу „Слевен приправник“.

-Арнолд Шварценегер не го напушта доброволно шоуто, тој доби отказ поради лошото (бедно) држење, не поради мене. Тажен крај на големото шоу, обвини Трамп преку Twitter.

Шварценегер изјави дека Трамп би требало „да размисли за тоа да вработи нова личност којашто би му составувала шеги и уште една која би му ги проверувала фактите“.

Познатиот актер го наследи Трамп на местото водител на шоуто. Даде оставка веќе по првата сезона, додека Трамп беше водител од 2008 до 2014 година и сними 14 ткн сезони од шоуто.

Шарценегер, кој исто така е републиканец и два мандата беше гувернер на сојузната држава Калифорнија, рече во интервју за британскиот филмски магазин Empire, во бројот од петокот дека не гласал за Трамп и дека поради него заминува од шоуто, коешто, како што вели, токму поради Трамп има ниска гледаност.

-Кога луѓето сфатија дека Трамп и натаму е извршен продуцент на шоуто и дека прима заработка од него, половината од луѓето започнаа да го бојкотираат шоуто“, изјави славниот актер од австриско потекло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top