| четврток, 6 декември 2018 |

Канческа-Милевска: Целта на платформата е промена на името и идентитетот на државата

Доколку се реализира албанската платформата која е поддржана од СДСМ, ќе се загрози идентитетот на државата, истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во вестите на Сител.

-Во платформата има воведување на покрај македонскиот јазик и неговото кирилично писмо, воведување на албанскиот јаик и неговото писмо, исто така носење на брза резолуција во самото Собрание во насока на промена
на името каде што ќе бидат вклучени сите албански партии во преговорите со Грција во насока на промена на името и идентитетот и брз влез во ЕУ и членство во НАТО. Така да тоа еден дел од самата платфорамата , но сепак ниту јавноста ниту граѓаните не знаат што се крие таа платформа, потенцираше Канческа-Милевска.

Таа додаде дека сето ова што се случува и кое се реалзира од страна на СДСМ говори дека целата е рушење на уставниот поредок на државата со промена на името, на јазикот односно воведување на албанскиот јазик.

-СДСМ како партија анализирајки го и целокупниот период на десет годишно владеење во нашата држава можеме да видиме дека никогаш не покажале чувство на припадност ниту кон својот сопствен народ ниту кон државата. Ниту пак чувство кон својата култура, кон историјата, кон идентитетот. Тоа и можеме да го видиме ако направиме една сеопфатана анализа, се осврна таа.

Канческа- Милеска потенцираше дека во тој период ниту е нешто создадено, ниту инвестирано во културата, додека во овој период имаме голем број на инвестции во културата.

-Ние не можеме да ги побиеме фактите од другата страна во овој период на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, каде што се гради посебен театар за турската драма значи за турскиот театар, каде што се реновира и гради театар за албанската драма, значи албански театар. Се гради повторно театар заедно со цел мултимедиален комплекс и библиотека во Тетово, се отвори една посебна институција Музеј на албанската азбука во Битола и ред други активности во делот на заштитата на култуното наследство, додаде таа.

Канческа-Милевска истакна дека единствено решеније за моментелната ситуција е одржување на предвремени парламентарни избори заедно со локалните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top