Хоуп Хикс (Hope Hicks), убавата 28 – годишна бринета, чие име балканските медиуми со задоволство го преведуваат како Надеж (Houp – Надеж), е една од најблиските бизнис соработници на Доналд Трамп.
Таа во текот на предизборната кампања на новиот претседател на САД била одговорна за односи со јавноста, а со оглед дека по победата за неа повеќе немаше место, Трамп одлучил буквално да измисли работно место за неа.
Која е дамата која сега работи во Белата куќа на чело на одделот за стратешки комуникации?
Атрактивната дама е една од најмладите членови на кабинетот на Трамп, а претседателот ја запознал преку неговата ќерка Иванка Трамп, коај ја вработила во 2014 година, откако била воодушевена како Хоуп го одработила маркетингот за нејзината модна линија, пренесува Business Insider.
Кога станала член, односно војсководецот на маректинг тимот за кампањата на Доналд Трамп, Хоуп немала искуство во политиката, па својата работа почнала да ја работи дури 5 месеци пред воопшто да биде најавена кандидатурата.
Поради големиот успех во водењето на кампањата, Хоуп се најде на листата на 30 највлијателни луѓе помлади од 30 години, иако новинарите најчесто не ја сакаат и ја карактеризираат како непрофесионална.
Причина за тоа е фактот дека е многу тешко да се добие било каков коментар од Хоуп Хикс, но многумина тврдат и дека токму поради тоа станала толку успешна и интригантна.
Блиските соработници на Доналд Трамп велат дека тој има целосна доверба во Хоуп, а кога го прашуваа за неа, користи само два збора – природна и извонредна.
Постојат шпекулации дека од официјалниот Твитер налог на новиот претседател на Америка стои Хоуп, а со нејзината популарност порасна и интересот за нејзиниот живот пред главниот ПР на Доналд Трамп.
Имено, Хоуп поранос е занимавала со манекенство и актерство, но од кога почнала да работи рамо до рамо со Трамп, избегнува појавување во јавноста.
извор: Македонија денес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.