| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ е подготвено, а на предавниците ќе им суди народот

mickovski-768x432
Историското ВМРО често пати се исправило пред сите предизвици во минатото, но и наследникот на историското ВМРО преточено преку ВМРО-ДПМНЕ изминативе години често знаеше да се исправи како стожер и браник на државноста на Република Македонија, па така и овој пат ние нема да дозволиме ниедна акција да биде преземена која ќе биде спротивна на уставот и законите на оваа држава, а со тоа ќе имплицира подривање на националните интереси на Македонија, вели во интервју за ТВ Нова, Христијан Мицкоски.Мицкоски смета дека доколку политичките партии излегоа со албанската платформа на изборите ќе го добиеја судот од граѓаните на Република Македонија.

– Секако дека размислуваме, секако дека имаме план, но во интерес на процесот не би сакал сега да коментирам гласно кои се чекорите што ќе ги преземеме. Секако дека имаме разгледувано повеќе сценарија, имаме одговори на прашања и енципирано на можни ризици, така да подготвени го пречекуваме процесот, но она што е поважно овој момент е да овие луѓе конечно се охрабрат и излезат со таа платформа пред граѓаните кои тоа го очекуваат од нив, бидејќи знаете, они не излегоа со оваа платформа на изборите, оваа платформа е резултат на оној постизборен инженеринг. Да излезеа со таква платформа и да ја ставеше на увид на граѓаните, без разлика дали се тоа ДУИ и останатите партии од албанскиот политички блок или нивните поддржувачи – опозициската СДСМ, граѓаните ќе го дадеа својот суд, кажа Мицкоски во интервјуто за ТВ Нова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top