Едно од верувањата кои се поврзани со Тодорова сабота која денеска се празнува е дека на овој ден се слуша топот на митските суштества, кои се пола луѓе, пола коњи, а чиј водач е Тодор Големиот.
Се верува дека ако излезете од куќата кога ќе се стемни, не ви се пишува добро.
Жените на Тодорова сабота не смеат да ја мијат косата, а во домот не смее да се пали оган (бидејќи демоните се сакаат чад), а децата треба да се искапат пред коњските трки. Ако сепак, го капете детето на овој ден, во коритото мора да ставите потковица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.