| четврток, 6 декември 2018 |

Крволочна крокодил – ајкула се појави на брегот на Велика Британија

На брегот од Велика Британија кај Девон е пронајдена насукана крокодил – ајкула, чудовиште кое ретко се среќава во ладни мориња.

Ова морничаво животно го пронашол Стивен Гринфилдс кога со семејството отишол на прошетка по плажата Хоуп во Девон.

Гринфилд, кој инаку е и нуркач, не успеал сам да го идентификува суштеството кое го пронашол, па направил фотографии и ги објавил на профилот на Националниот морски аквариум.

Официјалните лица веруваат дека ова е единствен случај, но ги предупредиле граѓаните веднаш да се јават ако видат уште ајкули, поради општата безбедност. Иако овој вид на ајкула директно не ги напаѓа луѓето, има неверојатно силен угриз, а доколку е уплашена може да нападне многу брзо и насилно.

Инаку, ова е прв случај крокодил – ајкула да е видена во овој дел на Британија, пишува „Раша тудеј“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top