| четврток, 6 декември 2018 |

Нападната вработена во билетара на ЈСП

Вчера во 19.45 часот во ПС Гази Баба, З.Л. (59) од Скопје, вработена во билетара на ЈСП-Скопје, пријавила дека истиот ден околу 19.30 часот на ул. „Жан Жорес“, поточно во билетарата на ЈСП бр.15 непознат сторител извршил разбојништво во обид над неа.

Откако З.Л. ја отклучила и отворила влезната врата со намера да си замине сторителот ја фатил за врат и ја турнал внатре. З.Л. пружила отпор, а истиот ја фатил за коса и ѝ ја удрил главата од рамката на вратата, по што истата почнала да бара помош. Соседите од соседните станбени објекти слушнале и ги вклучиле светлата од дворовите и излегле надвор, по што сторителот побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top