Македонска Каменица во изминатиот период реализираше низа проекти во насока на подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, a за во иднина планирани се уште неколку инфраструктурни проекти за оваа општина.
Овие активности на општината во координација со активностите на локалната полиција се причина 2016 година да се заврши без ниту една жртва на улиците во градот. Ова на денешната заедничка средба го констатираа Дарко Митевски, градоначалникот на општина Македонска Каменица и Претседателот на Републички совет за безбедност во сообраќаjот, Стојче Стаменковски.
Градоначалникот Митевски истакна дека локалната самоуправа во изминатиот период реализирала повеќе проекти за подобрување на безбедноста во патниот сообраќај, значаен дел од нив од сообраќајно превентивен карактер реализирани во соработка со ОСБСП а со подршка од РСБСП. Покрај тоа, во рамките на општината се реализирани повеќе проекти за подобрување на сообраќајната инфраструктура а со цел создавање на услови за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Во таа насока Митевски нагласи дека е изработен сообраќаен проект за режим на сообраќај во централното градско подрачје во општина Македонска Каменица, изградена и асфалтирана е улицата “ФИЛИП ВТОРИ“ како важна улица за безбедно одвивање на сообраќајот, изградени се нови паркинзи на улиците „28 – ми Август“, „Рударска “,а во тек е изградба на уште еден паркинг помеѓу улиците „Рударска„ и „Руенска“ и други важни проекти и притоа најави дека во наредниот период ќе се одвојуват повеќе средства за набавка и поставување на вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, изградба и реконструкција на повеќе градски улици и локални патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.