| четврток, 6 декември 2018 |

Дволичност

 

Ацо Станковски

Ацо Станковски

 

Ко­га бри­тан­ски­от ми­ни­стер за­дол­жен за Евро­па и за Ази­ја, гос­по­ди­нот Дан­кан, ќе дој­де во офи­ци­јал­на по­се­та на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја и ќе ви по­ра­ча де­ка во­оп­што не до­шол да се ме­ша во вна­треш­ни­те ра­бо­ти на др­жа­ва­та, но де­ка ја под­др­жу­ва неј­зи­на­та ин­те­гра­ци­ја во ЕУ и во НА­ТО, то­гаш се­то тоа со си­гур­ност мо­же­те да го пре­поз­на­е­те ка­ко ек­ла­тант­на ма­ни­фе­ста­ци­ја на дво­лич­ност.

Не е проб­ле­мот во тоа што во овој бри­тан­ски по­ли­ти­чар ќе пре­поз­на­е­те уште еден лаж­го од ти­пот на це­ла­та ар­ми­ја ва­кви хи­по­кри­ти што во огро­мен број про­де­фи­ли­раа си­те овие го­ди­ни низ на­ша­та та­тко­ви­на, ту­ку во горч­ли­ва­та ре­ал­ност на ед­но стра­вот­но пот­це­ну­ва­ње на на­ша­та ин­те­ли­ген­ци­ја ка­ко на­род и ка­ко гра­ѓа­ни. Впро­чем, нај­ве­ро­јат­но де­ка овој дип­ло­мат во си­те нас не гле­да ни­што по­па­мет­но од ја­то број­ле­ри или ста­до ов­ци.

Зо­што, ако не­кој, кој ту­ку­што из­ле­гол од ЕУ пре­ку ре­фе­рен­дум­ско из­јас­ну­ва­ње на­ре­че­но Брег­зит, на гра­ѓа­ни­те на Ре­пуб­ли­ка­ва им по­ра­чу­ва де­ка не­го­ва­та вла­да го под­др­жу­ва зач­ле­ну­ва­ње­то на Ма­ке­до­ни­ја во ЕУ, тоа ви е ка­ко не­кој, кој пред мал­ку се спа­сил од брод што то­не, да ви пре­по­ра­чу­ва што по­бр­зо да се ка­чи­те на не­го. И да по­то­не­те.

Но, од ка­де та­ква кон­тра­ди­ктор­ност, а, всуш­ност, ед­но стра­вот­но дво­лич­но од­не­су­ва­ње на бри­тан­ски­те офи­ци­јал­ни прет­став­ни­ци, не­што што го гле­дав­ме и сѐ уште, за жал, го гле­да­ме од нес­мас­ни­от бри­тан­ски ам­ба­са­дор.

Не тре­ба да се би­де прем­но­гу па­ме­тен или го­лем пси­хо­лог за вед­наш да се сог­ле­да де­ка си­те овие прет­став­ни­ци на ве­ќе одам­на про­пад­на­та­та им­пе­ри­ја се, во ос­но­ва, ко­рум­пи­ра­ни слу­ги на си­те оние не­о­ли­бе­рал­ни оли­гар­хи­ски стру­кту­ри, кои по­ле­ка, но си­гур­но про­па­ѓа­ат на по­ли­тич­ка­та сце­на во за­пад­на­та хе­ми­сфе­ра.

Ко­га се слу­чи ре­фе­рен­ду­мот за из­лез од ЕУ, при кој гра­ѓа­ни­те на Бри­та­ни­ја ре­ши­ја да си ја по­вра­тат су­ве­ре­но­ста, ели­та­та ко­ја вла­де­е­ше со оваа др­жа­ва ло­би­ра­ше про­тив на­пу­шта­ње­то на Уни­ја­та и, со тоа, мно­гу јас­но ја ле­ги­ти­ми­ра­ше сво­ја­та по­зи­ци­ја. По­тоа, про­е­вроп­ски ори­ен­ти­ра­ни­от пре­ми­ер Деј­вид Ка­ме­рон под­не­се оста­вка, а на не­го­во ме­сто дој­де ми­ни­стер­ка­та за вна­треш­ни ра­бо­ти, Те­ре­за Меј, ко­ја, исто та­ка, ло­би­ра­ше за оста­ну­ва­ње на Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја во ЕУ.

Зо­што, на при­мер, пре­ми­ер­ско­то ме­сто не го за­зе­де Бо­рис Џон­сон или Нај­џел Фа­раж, кои, всуш­ност, и го до­би­ја ре­фе­рен­ду­мот ка­ко нај­екс­по­ни­ра­ни ли­де­ри на Брег­зит. И ова е ви­стин­ско вле­че­ње за нос на бри­тан­ски­те гра­ѓа­ни и гла­са­чи.

Зар е мож­но си­те овие лу­ѓе, кои жи­ве­ат во еден од нај­ци­ви­ли­зи­ра­ни­те де­ло­ви од све­тот, да би­дат тол­ку на­ив­ни? Би ре­кол, ма­ни­фе­сти­ра­ат по­ли­тич­ко нез­на­е­ње и иг­но­рант­ност на ни­во на иди­о­ти­зам.

Про­сто­то пра­ша­ње кое овие лу­ѓе тре­ба да го по­ста­ват е крај­но ед­но­став­но. Име­но, зо­што лу­ѓе­то што беа про­тив Брег­зит, се на­и­ме­ну­ва­ни за ли­де­ри, кои ќе го из­ве­дат бри­тан­ско­то кралс­тво од ЕУ? Или, ако са­ка­те, во ста­ро­за­ве­тен стил – ка­ко тоа Евре­и­те ќе за­ми­нат од Еги­пет без водс­тво­то на Мој­сеј, под прет­по­ста­вка де­ка не­го­во­то ме­сто го пре­зел ток­му фа­ра­о­нот Рам­зес?

Од­го­во­рот е – ни­ка­ко!

За­тоа, единс­твен ква­ли­фи­ка­тив за ова по­ли­тич­ко ра­ко­водс­тво, кое во це­ла­та сво­ја но­стал­ги­ја де­фи­ли­ра ва­му-та­му, кол­ку пом­пез­но, тол­ку и гро­теск­но, е бан­да дво­лич­ни из­мам­ни­ци, во кои ни­ка­ко не смее да се има до­вер­ба.

Ко­неч­но, нив­на­та рол­ја во це­ли­от овој ге­о­по­ли­тич­ки ха­ос е да се до­бие во вре­ме, со на­деж де­ка ќе се при­бе­рат по страш­ни­те по­ра­зи, кои на­ро­ди­те на нив­ни­те „царс­тва“ во ни­за им ги ис­по­ра­чу­ва­ат. Зго­ра на тоа, и по­бе­да­та на До­налд Трамп зна­чај­но им го скра­ти ма­не­вар­ски­от про­стор. А, за вол­ја на ви­сти­на­та, исти­от фе­но­мен се слу­чу­ва и во САД, но поз­на­вај­ќи го дос­лед­ни­от и пра­ви­чен мен­та­ли­тет на аме­ри­кан­ски­от на­род, по­себ­но на оној дел, кој го под­др­жа но­ви­от аме­ри­кан­ски пре­тсе­да­тел, тоа та­му ќе им оди мно­гу по­те­шко, и, на кра­јот, ќе за­вр­ши со ед­но го­ле­мо ге­не­рал­но чи­сте­ње на си­те овие оп­стру­ктив­ни не­о­ли­бе­ра­ли­стич­ки елит­ни по­ли­тич­ки стру­кту­ри, кое мо­же­би ќе по­трае ед­но из­вес­но вре­ме, но ќе би­де ви­стин­ски и те­мел­но спро­ве­де­но.

Во ова не тре­ба да се има сом­неж. Зо­што овој про­цес тре­ба да би­де ире­вер­зи­би­лен и да вро­ди со еден, ба­рем за ни­јан­са, пос­ло­бо­ден и по­пра­ви­чен свет.

За­тоа не­ма по­тре­ба бри­тан­ска­та вла­де­јач­ка стру­кту­ра не­до­вет­но да де­фи­ли­ра по све­тот. Во цр­вен му­дир со вој­нич­ки ко­лан око­лу по­ја­сот, ка­ко што пра­ви по мал­ку ве­ќе ка­ри­ка­ту­рал­на­та бри­тан­ска пре­ми­ер­ка, Те­ре­за Меј, ко­ја во друш­тво­то на пре­тсе­да­те­лот Трамп ве­ли: – „Ние ве­ќе не­ма да се ме­ша­ме во вна­треш­ни­те ра­бо­ти на дру­ги­те др­жа­ви“ – а уште во иста­та при­го­да поч­ну­ва со ин­си­ну­а­ции и кле­ве­ти за Ру­си­ја и за Пу­тин.

Ка­ква смеш­на пуд­ли­ца. Ка­де им е до­сто­инс­тво­то на нив­но­то ил­ја­да­го­диш­но кралс­тво? Или, и тоа го про­да­доа за грст фун­ти стер­лин­зи или аме­ри­кан­ски до­ла­ри – се­ед­но?

Исто­то ва­жи и за „ху­ма­ни­те Евро­пеј­ци“ од Бри­сел. Се­пак, нив­на­та хи­по­кри­зи­ја е да­ле­ку по­нес­мас­на од онаа на остров­ја­ни­те, кои се­ко­гаш пун­кту­ал­ни и дос­лед­ни зна­ат да го за­ви­тка­ат се­то тоа во про­то­ко­ли и ру­ти­ни­ра­ни фра­зи, ис­пол­не­ти со по­мо­дар­ска ци­нич­ност.

Всуш­ност, упра­ву­ва­чи­те со ЕУ од Бри­сел се во то­та­лен ха­ос. Од ед­на стра­на, при­тис­на­ти од САД, а од дру­га, од Ру­си­ја, овие из­гу­бе­ни во ла­ви­рин­ти­те на НА­ТО и ЕУ пу­сто­шот и ру­и­ни­те изг­ле­да­ат уп­ла­ше­ни, па ду­ри и па­нич­ни, ка­ко да се наш­ле сре­де не­кој хо­ли­вуд­ски кош­мар.

Но, ту­ка е дво­лич­но­ста, а тие се се­ко­гаш во служ­ба на не­го­во­то ве­ли­чес­тво, са­мо тре­ба да им се да­дат ин­струк­ции. Ва­ка, ед­но­став­но, не зна­ат што да чи­нат, па ра­бо­тат по ста­ро, она­ка, ка­ко отсе­ко­гаш ра­бо­те­ле – суб­вер­зив­но и дво­лич­но.

Еве ви го и гос­по­ди­нот Хан. Ед­но збо­ру­ва ед­наш, друг пат дру­го, на ед­ни им ка­жу­ва за „ова“, на дру­ги­те за „она“, и сѐ та­ка до бе­скрај.

Мис­ли­те ли де­ка мно­гу се по­тре­се за нас? Иа­ко бе­ше бла­го­да­рен за спре­чу­ва­ње­то на бе­гал­ци­те од Бли­ски­от Исток со дос­лед­на ин­тер­вен­ци­ја на од­бран­бе­ни­те си­ли на РМ, се­га тоа во­оп­што не му е важ­но. Се­га тоа е ед­но ис­чез­на­то ми­на­то.

Дво­лич­но­ста цве­та на­се­ка­де, па и кај нас. Оз­бо­ру­ва­ња­та со ка­фе и со ци­га­ри од вче­ра, де­нес се пре­фр­ли­ја на ин­тер­нет. Лу­ѓе­то се рас­ко­мо­ти­ја пред сво­јот лап­топ и ста­наа ин­ди­скрет­ни, им­пул­сив­ни, вул­гар­ни, гру­би и зло­на­мер­ни. Нив­на­та прет­по­ста­ве­на хи­по­кри­зи­ја се­га оста­ва до­ку­мен­та­ци­ја зад се­бе и ја раз­о­ру­жу­ва и нај­ма­ла­та не­ве­ри­ца. Лу­ѓе­то, ла­жеј­ќи ги дру­ги­те де­ка се по­и­на­кви од прет­по­ста­ве­но­то, поч­наа да се ла­жат са­ми­те се­бе­си. Тие што об­ви­ну­ваа за ти­ран­ски ре­жим, се­га го гле­да­ат пре­дав­ни­кот во ог­ле­да­ло­то при нив­ни­те ру­тин­ски по­се­ти во то­а­лет.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top