ЕУ јасно да го осуди мешањето во внатрешната политика на Република Македонија, ова е клучната порака што македонскиот претседател Ѓорге Иванов ја упатил на синоќешната средба со високата претставничка Федерика Могерини, по заканувачките изјави на Еди Рама и на Хашим Тачи, кои стигнаа од Тирана и од Приштина.
Иванов предупредил дека немањето јавна осуда за флангрантното мешање во внатрешните работи на Македонија ги создава проблемите и води кон поширока дестабилизација.
– Ова е шанса ЕУ да ја повтори поддршката за неповредливоста на границите на Балканот – рекол македонскиот претседател на средбата.
Иванов повторил дека нема да даде мандат на некој што преговара за платформи на други држави, со кои се уценува Македонија. Според Иванов, со преговарањето за постизборна платформа, се урива македонскиот Устав.
-Граѓаните на изборите гласаа за европски реформи, а не за постизборна платформа на туѓа држава – рекол претседателот Иванов алудирајќи на обидите за наметнување платформа договорена во Тирана со албанскиот премиер Еди Рама.
За Иванов, важно е и да има попис, кој би ја отсликал и реалната состојба на населението во Македонија. Иванов посочил и на неопходноста за завршување на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија за да може, доколку е тоа потребно, да ја продолжи прогласената кризна состојба поради илегалната миграција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст