Македонски манифест не гледа „пријатели“ туку закрвени непријатели кон македонската држава во лицето на терористите Бејли и Гарет – координатори на операциите против македонското име, нација и идентитетот, посочуваат од граѓанското движење Македонски манифест.
Во продолжение интегрален текс од Македонски манифест:
Македонски Манифест ги предупредува раководствата на ЕУ и НАТО, како и Албанија и американскиот протекторат Косово да престанат да се мешаат во внатрешните работи на суверена Република Македонија.
Заплашувањата и уцените кон македонската држава и кон македонскиот Претседател ќе наидат на цврст отпор од македонскиот народ кој е спремен да ја брани својата Татковина до последната капка крв.
Македонски Манифест не гледа „пријатели“ туку закрвени непријатели кон македонската држава во лицето на терористите Бејли и Гарет – координатори на операциите против македонското име, нација и идентитетот. Двајцата амбасадори уште минатата година бараа оставка од македонскиот Претседател и го заплашуваа. Денес, наместо да го продолжи Пучот врз Македонија, Бејли мора да се подготви за судски процес за потрошената сума парични средства од американските граѓани за криминални цели во македонската држава.
Македонски Манифест не гледа „пријател“ и во лицето на Могерини, бидејќи неслучајно нејзината прва средба во Македонија се случи со екстремистите на Сорос, па потоа одвај со македонските политички лидери. Не гледаме “пријатели” и кај другите гробари на Македонија како што се од ЕУ: Хан, Коцијанчиќ, Жбогар, Вајгл, потпретседателот на групата на социјалистите во Европарламента итн.
Македонски Манифест предупредува дека актуелна цел на ЕУ и НАТО е уништуването на македонската држава и нова војна на Балканот. Албанската платформа е замислена од ЦИА како повод за таква војна.
Македонски Манифест предупредува дека е можен почеток на балканска војна со интервенција од Косово и Албанија врз Република Македонија од спремните за тоа новите балкански Милошевци – Рама и Тачи.
Македонски Манифест ги предупредува раководствата на ДУИ, БЕСА и Алијансата на Албанците дека доколку предизвикат немири во македонската држава, тоа во иднина ќе им оневозможи нивното постоење на македонска територија.
Македонски Манифест изјавува дека од сите странски држави во и надвор од ЕУ, единствено Руската Федерација веќе неколку пати ни ја дава директната поддршка за зачувување на Република Македонија како унитарна држава на македонскиот народ и се спротивстава на надворешното мешање во нејзините работи. Затоа Македонскиот Манифест бара од македонските државни институции да бидат преиспитани односите со ЕУ и НАТО и да биде воспоставена стратешка соработка и сојуз со Русија како и со другите држави од БРИКС.
Македонски Манифест му дава целосна поддршка на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и воедно бара и од другите македонски државни институции и македонски политички партии да застанат на браникот на македонската државност.
По 25 години од осамостојуването во 1991 година, конечно Република Македонија има вистински, непартиски, туку народен лидер. Затоа мора секој вистински македонец да го поддржи против домашните предавници и странската интервенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пазарна економија за подобар стандард на секој граѓанин: Повисок раст, повеќе инвестиции, поуспешни претприемачи
-
Интеграција во едно општество: Граѓаните се срцето на нашиот Устав
-
„За Заедничка Македонија” оставија Манифест во канцеларијата на Иванов
-
Македонски манифест: Најавените протести за 17 мај да се одложат