| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против Албанците, тие се наши сограѓани, соседи, пријатели

ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против Албанците и со ништо не презема никакви чекори за да ги навреди, понижи или да ги стави во каква било одредена ситуација. Напротив, тие се наши сограѓани, соседи, пријатели и со ништо и ниту еден чекор не сме направиле нешто што ќе ги стави во некоја непријатна ситуација, порача во интевјуто на ТВ Нова, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров.

Вели дека платформата која е направена во Тирана или зад која застана премиер на друга држава е нешто што сериозно предизвикува конфликт или недоразбирање во општеството.

Истакна дека за него е несфатливо зошто Албанците од Македонија имаат потреба некој друг, од друга држава, да ги организира како да настапат и да им гради стратегија за нивниот однос кон Македонците во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top