ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение посочува дека јасно ја соопштила својата позиција уште пред да влезе во преговори за формирање на идната владина коалиција, и оти таа гласела „Влада да, но не по секоја цена“.
ВМРО-ДПМНЕ одби да разговара под уцена за прифаќање на платформата изготвена и потпишана во Тирана, чијашто крајна цел е редефинирање на Република Македонија и нејзино трансформирање од мултиетничка во бинационална држава, истакнуваат од партијата.
Остануваат на ставот дека решение за ситуацијата се или нови избори или Заев и СДСМ да се откажат од албанската платформа, а ВМРО-ДПМНЕ со своите пратеници да ја поддржи да формира влада.
Оттаму сметаат дека СДСМ е уценет само поради тоа што изгубил на изборите, не ја добил поддршката на граѓаните и не освоил мнозинство гласови за да формира влада и оти е доведен до ѕид поради, како што велат, патолошката желба на Зоран Заев да биде премиер по секоја цена.
– Затоа СДСМ прифаќа и гледа позитивно на платформата од Тирана. Затоа СДСМ се согласува на официјализирање на албанскиот јазик и воведување двојазичност на целата територија. Затоа СДСМ се согласува на менување на банкнотите и униформите. Целата јавност деновиве беше сведок дека СДСМ ги прифатил и останатите сегменти од платформата кои подразбираат донесување резолуција за прогласување геноцид врз Албанците – се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Сите овие отстапки на СДСМ, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ, се исклучително опасни по иднината на Република Македонија и оти цената на уцените, на крај нема да ја плати само Заев и СДСМ, туку Република Македонија.
– Постојат два излеза од оваа состојба во која е доведена во прашање иднината на државата. Првиот е одржување брзи вонредни избори. Зоран Заев смета дека рејтингот на СДСМ пораснал со прифаќањето на платформата и заради тоа го повикуваме да поддржи нови избори и да излезе пред граѓаните за да ја побара нивната поддршка. Факт е дека граѓаните на минатите избори не гласаа за платформата од Тирана и природно и очекувано е тие да се изјаснат.
Вториот излез е јавно да се откаже од платформата која досега ја поздравуваше и на којашто гледаше афирмативно. ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДСМ да ја отфрли платформата и да го послуша мислењето на граѓаните. Доколку СДСМ отстапи од политиката која е спротивна на државните и национални интереси, ВМРО-ДПМНЕ со своите 51 пратеник ќе ги поддржи да формираат влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст