| четврток, 6 декември 2018 |

Голубовски: На правиот пат сме да си ја спасиме државата

Сакам да констатирам дека не треба да влијае драматично на вознемиреноста на македонскиот народ овој оркестриран притисок бидејќи се работи очигледно за една рутина тие и самиот се во хаос, вели Владимир Голубовски.

Голубовски смета дека народот е на вистинскиот пат да си ја спаси државата:

– Моја порака до македонскиот народ е дека сме на правиот пат, да си ја спасиме државата, веќе за неколку дена ќе престанат притисоците. На запад за наша среќа се уште постои еден институт кој е појак од сценаријата на големите играчи, а тоа е да се почитува волјата на народот. Македонија во овој период за неколку дена предизвика еден респектабилен одговор што секако ќе се почитува, има значење на референдумско изјаснување и тука веќе западната демократија го признава тоа како легитимно право на изјаснување на народот- оцени Владимир Голубовски во „Аргументи“ на ТВ Нова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top