| четврток, 6 декември 2018 |

Новаци ќе добие Дом за стари лица

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и претседателката на Организација на жени-Битола, Светлана Петковска денес во општина Новаци ја промовираа иницијативата за отворање старски дом.

Објектот ќе биде отворен во постоечката стара амбуланта на излезот од Новаци кон РЕК Битола.

– На барање на жителите на општина Новаци во соработка со Организација на жени започнуваме постапка за отворање старски дом. Објектот е во наша сопственост кој ќе биде издаден на долгорочна концесија или пак под закуп за оваа намена се со цел да се задоволат барањата на нашите жители – истакна Котевски.

Средствата за отворање на старски дом ќе се обезбедат со аплициран проект до ИПА фондовите, а ќе се користат и привилегиите што ги нуди Владата на Република Македонија, беше истакнато на денешната промоција во Новаци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top