| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на Боливија замина на лекување на Куба

Претседателот на Боливија Ево Моралес замина за Куба на итно лекување, јави ДПА.

– Одлуката е донесена откако Моралес не се почуствува добро и едвај можеш да зборува за време на вчерашната седница на Кабинетот, изјави министерот Рене Мартинес.

Тој додаде дека 57-годишниот Моралес се разболел во јануари и неговата состојба се влошувала.

Мартинес не соопшти повеќе детали за болеста на Моралес.

Боливискиот претседател оваа недела откажа два претходно планирани настани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top