| четврток, 6 декември 2018 |

Хистерија на Соросовите медиуми: Пропаѓа планот за инсталирање на Заев како извршител и платформата на Еди Рама

Изгледа дека претседателот на државата го направи тоа што на огромниот број Македонци им стоеше на врвот на јазикот, но малку кој, со чесни исклучоци, имаше храброст да го каже: нема мандат за какви било платформи изготвени во Албанија или во која било друга држава, ниту врз таа основа тој може да довери мандат на претставник на партија или партии за формирање влада.

Јасно е сега дека ќе следува организиран и оркестриран напад врз него. Сорос ќе ги крене на нозе до степен на хистерија своите медиуми, а тие што не се под негова палка ќе бидат дополнително изложени на хаотичен притисок (зар некој мисли дека сосема случајни се завчера најавените истраги за „Силекс“ и „Трансмет“, чија врска се пак ТВ „Сител“ и ТВ „Нова“). Дополнително, во овој момент веќе може да се предвиди дека неколкуте западни амбасади во Скопје и нивните амбасадорите веќе ги палат црвените копчиња за аларм бидејќи, барем засега, пропаѓа планот за инсталирање на Зоран Заев како извршител и платформата на Еди Рама за поделба на Македонија како суштина, што во заднина, значи, паѓа во вода и идејата за бришење на Македонците во преговорите со Грција. Тоа што ќе следува наредните денови ќе биде трескавична пропаганда војна преку медиумите финансирани од надвор, преку нивните портали, преку платените „експерти“ и преку „Фејсбук“ каде што ВМРО-ДПМНЕ е во дефанзива, комбинирана со дипломатски притисок и со постојани закани дека повторно може да ни пуштат некои терористи од Kосово кои ќе сакаат да дојдат во Kуманово и да одржат прес-конференција со „калашникови“, како што се бранеше еден од обвинетите за тероризмот во Дива Населба, пишува Дарко Јаневски во коментарот „Изборот меѓу сувереноста на РМ и Еди Рама“, објавена во „Дневник“..

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top