| четврток, 6 декември 2018 |

Борко Ристовски дел од светската голманска елита на ракометниот камп во Хрватска

FYR of Macedonia vs Czech Republic

Борко Ристовски, ќе биде дел од учесниците на годинешниот Меѓународен камп за ракометни голмани што традиционално се одржува во Омиш, Хрватска. Покрај, македонскиот голман од Барселона, на седмото издание на кампот меѓу специјалните гости во улога на предавачи ќе бидат и двајцата голмани на Веспрем, Мирко Алиловиќ и Роланд Миклер, голманот на Кјелце, Филип Ивиќ, Данецот Каспер Хвит, како и голманската легенда Мирко Башиќ.

Меѓународниот голмански камп кој годинава ќе се одржи од 1 до 7 јули, е единствен ракометен настан од овој тип на кој водечки голмански имиња им го пренесуваат своето знаење и искуство на помладите генерации ракометари и ракометарки.

„Поканата ја прифатив затоа што се работи за многу квалитетен и добро организиран камп на кој секоја година учествуваат голем број на светски познати голмани. Се надевам дека ќе можам да пренесам дел од моето знаење и искуство на учесниците на кампот, кој според моите информации, ги има од цел свет. Во секој, случај ова за мене ќе биде едно ново и интересно искуство кое сигурно носи и свои обврски. Но, и чувство на задоволство и потреба да се сподели дел од себе со сите учесници на овој камп“ – вели Борко Ристовски.

Учеството на реномираниот голмански камп во Хрватска, за Борко Ристовски ќе биде убава завршница на сезоната што почна со неговиот трансфер од германскиот шампион Ран Некар Левен во Барселона и во која има забележителни настапи на голот во натпреварите од АСОБАЛ лигата и од Лигата на шампионите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top