До средината на 21 век, бројот на верниците на планетата ќе се менува така што христијанството ќе го загуби приматот како вера што моментно е најмногубројна на светот. Од 2050 година тоа ќе биде исламот, покажало истражување на „Пју“, истражувачки центар од Вашингтон.
Пред седум години, во 2010 година, на светот имало околу 1,6 милијарди муслимани, или 23 проценти од глобалната популација. За споредба, во тоа време имало 2,2 милијарди христијани, или 31 процент од глобалната популација.
Истражувачите од центарот „Пју” анализирале демографски податоци и откриле дека до 2050. година двете вери ќе се изедначат според бројот на верници, по што исламот ќе го преземе приматот.
Како што наведува извештајот, причина за тоа е фактот дека муслиманските семејства имаат повеќе деца од христијанските, иако во извештајот не се наведува дали причина за тоа е сиромаштија, традиција или вера.
Се нагласува дека муслиманите се помлади од христијаните. Бидејќи популацијата во развиените земји е, генерално, стара, овие земји, буквално, се пензионираат и нивното место ќе го заземат имигранти. Исто така, истражувачите тврдат дека до 2050 година, десет проценти од европската популација ќе ја сочинуваат муслимани.
Според предвидувањата на центарот „Пју“, во 2050 година муслиманите ќе сочинуваат 2,5 проценти од американската популација, додека најмногу ќе ги има во Индија, околу 310 милиони или 18 проценти од популацијата на таа земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст