| четврток, 6 декември 2018 |

Одложена одлуката за екстрадиција на Рамуш Харадинај во Србија

Апелациониот суд во францускиот град Колмар ја одложи одлуката за екстрадиција на Рамуш Харадинај во Србија за 6.април.

Поранешниот косовски премиер и лидер на ОВК, Харадинај, беше уапсен на 4.јануари на аеродромот Базел-Милуз, по потерницата која по него ја има распишано Србија. Харадинај во Србија се товари за воени злосторства над српското и останатото неалбанско населениа за време на конфликтот на Косово.

Инаку, по приведувањето на 4.јануари, судот го пушти на условна слобода на 12.јануари, но тој мораше да го предаде својот пасош и доби обврска два пати неделно да пријавува во полицискиот комесаријат.

На претходното рочиште на 9.февруари јавниот обвинител побара дополнителни информации од Србија во врска со Харадинај, а истото го стори и на рочиштето кое се одржа во четвртокот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top