Американската филмска академија задолжена за организацијата на „Оскар“, соопшти дека двајца службеници на фирмата „ПвЦ“, кои се одговорни за грешката со пликот со името на победникот во главната категорија, се трајно отстранети од натамошна организација на манифестацијата, изјави претседателката на Академијата, Шерил Бун Ајсакс.
Годинашното доделување на „Оскар“ го одбележи тоа што Феј Данавеј, која требаше да го прогласи филмот на годината, место „Месечина”, прочита „Ла Ла Ленд“, а потоа Ворен Бити мораше да појаснува што се случило.
Човекот што требаше на Ворен Бити и на Феј Данавеј да им го даде пликот, само една минута претходно на „Твитер“ поставил фотографија од оскаровката Ема Стоун. Ајсакс вели дека тоа го деконцентрирало доставувачот на пликот, што довело до грешката.
Компанијата „ПвЦ“, која веќе 80 години е задолжена за пребројувањето на гласовите и за пликовите со имињата на добитниците на статуетките, се извини за инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст