| четврток, 6 декември 2018 |

Луд меч во Мадрид, Реал спасуваше бод по два гола негатива (видео)

Шокантен натпревар за Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Избраниците на Зинедин Зидан губеа со 1-3 и едвај спасија бод на дуелот со Лас Палмас. Останаа без Герет Бејл уште во 47.минута, кој заработи црвен картон и го остави тимот на цедило. По ова реми, Реал Мадрид го загуби и првото место на табелата и сега има бод помалку од Барселона, иако има и еден одигран натпревар помалку.

„Кралевите“ први поведоа со голот Иско во осмата минута, но само две минути подоцна израмни Тана.

На стартот од вториот дел Бејл направи голема глупост и заработи црвен картон, и тогаш почнаа неволјите за Реал. Потоа Серхио Рамос направи пенал, а Виера во 56.минута го претвори во водство за гостите. Три минути подоцна катастрофална грешка направи Кејлор Навас, кој истрча надвор од шеснаесетникот, ја промаши топката, а Боатенг зголеми на 1-3.

По ова „кралевите“ тргнаа во силни напади и тоа резултираше со израмнуање. Роналдо од пенал намали во 86.минута, а три минути подоцна Португалецот со удар со глава донесе реми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top