Борис Дамовски и Богдан Илиевски од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во вечерашното гостувањето во емисијата „Јади Бурек“ на Јанко Илковски истакнаа дека сакаат утре да остварат кратка средба со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини во рамки на нејзината утрешна посета на Македонија.
– Би сакале да се сретнеме со Могерини, ова е сериозно барање. Ја молиме високата претставничка да помине пет минути со нас. За суштествен разговор. Се работи за нејзината кариера и нашиот народ. Во најмала рака собравме повеќе луѓе на трите собири отколку партиите на Стојанче Ангелов, Павле Трајанов, на ДОМ. Сакаме да ја слушнеме што има да каже, тоа што ќе им го каже на средбата со НВО, нека ни го каже и на нас. И ние сме деца на Македонија. Во спротивно ќе го сметаме за дикриминација, велат Дамовски и Илиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Могерини: ЕУ нема да биде целосна се додека земјите од Западен Балкан не станат членки
-
Хан: Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат да добијат позитивни одговори за евроатлантските интеграции
-
Могерини: Двете страни не направија горди, нас, Европејците со вин-вин изборот
-
Могерини: ЕУ да отвори преговори со Македонија