| четврток, 6 декември 2018 |

Горан Стојаноски, познат како Џемо Биљбиљ: Многу долго време недостасува чувство на заедништво

Она на што секогаш треба да се апелира и што многу долго време недостасува е чувство на заедништво, чувство на заедништво на сите, вели актерот Горан Стојановски кој денес во Охрид се приклучи кон граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.

-Како граѓанин како човек кој живее овде, создавам барем во еден сегмент од општеството, со силна волја и со сериозна упорност доаѓаме до заклучок дека на крајот на краиштата треба да се чуе убавиот збор, народот, вистинскиот народ. Еднаш засекогаш да се каже: „Луѓе драги, чувство за заедништво ни недостасува, вистинска човекова вредност“. Затоа сум тука – вели Стојановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top