Разговарање за содржината или преговарање за платформа на туѓа држава е спротивно на Уставот на Република Македонија. И не само тоа, туку преговарањето и прифаќањето на туѓа платформа е казниво дело според кривичниот законик, бидејќи тоа значи доведување на Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава – изјави вечерва претседаттелот на Република Македонија Ѓорге Иванов.
Тој објасни дека по изборите бевме непријатно изненадени од една постизборна политичка платформа од туѓа држава.
– Платформата е постизборен документ изработен и потпишан во туѓа држава во кабинет на странски државник и со посредство на премиер на туѓа држава. Содржината на платформата е надвор и од Уставот и од Охридскиот рамковен договор. Со оваа платформа се загрозува сувереноста и независноста на државата, доведувајќи ја во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава. Со оваа платформа, Република Македонија е уценета, а нејзината унитарност, сувереност и независност се загрозени.
Процесот на пост-изборно коалицирање и формирање на нова Влада стана заложник на оваа пост-изборна платформа од туѓа држава. Наместо конечно да излеземе од политичката криза, поради оваа платформа ние за жал заглавуваме во уште подлабока криза во која се доведоа во прашање темелните државни интереси на Република Македонија и нејзините граѓани – рече Иванов.
Претседателот на државата долго време очекувал дека одредени политички партии ќе покажат државотворност и зрелост и јавно ќе одбијат воопшто да зборуваат за таквата туѓа пост-изборна платформа.
– За жал, видовме дека наместо веднаш и без дискусија да ја отфлат, некои почнаа со неа да лицитираат, несфаќајќи дека всушност лицитираат со унитарниот карактер на државата, со идентитетот на граѓаните и државните интереси. За карактерот и иднината на државата не може да се преговара, ниту да се водат разговори на нетранспарентен начин. Граѓаните имаат право да ја знаат вистината за содржината од разговорите.
Но, и за ова има решение. За време на средбата од господинот Заев побарав јавно и јасно да ја отфрли и осуди оваа платформа, бидејќи, македонските граѓани на изборите гласаа за реформите и за исполнување на обврските од договорот од Пржино, а не за пост-изборна платформа на туѓа држава – изјави Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Нов закон во Франција: Казна три години затвор и 45.000 евра за секој политичар што ќе си вработи член на семејството
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана