| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните на Македонија гласаа за партиски програми, а не за постизборна платформа на туѓа држава

Македонските граѓани на изборите гласаа за партиски програми а не за постизборна платформа на туѓа држава, изјави претседателот Ѓорге Иванов денеска обраќајки се до јавноста. 

Според него, ова се сериозни моменти од историјата на Република Македонија.

– Секој еден од нас мора најодговорно да се однесува, затоа што секоја погрешна одлука може да има несогледливи катастрофални последици за иднината на државата. Преговарањето за платформа на туѓа држава значи негирање на суверенитетот и самостојноста на Република Македонија како што е наведено во Член 1 од Уставот на Република Македонија – рече Иванов.

Во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните. Никој од граѓаните на ниту еден демократски избран претставник не му дал право, преговарајќи за пост-изборна платформа на туѓа држава да го загрозува суверенитетот на Република Македонија.

– Кога ја превзедов функцијата Претседател на Република Македонија, согласно Уставот, на седницата на Собранието ја дадов и свечената изјава со која се обврзав функцијата да ја вршам совесно и одговорно, се обврзав да ги почитувам Уставот и законите и да ги штитам суверенитетот, територијалниот интегритет и независноста на Република Македонија.

Во согласност со оваа моја заклетва, ниту Уставот ниту совеста не ми дозволуваат да дадам мандат на секој оној кој го руши суверенитетот и независноста на Република Македонија – додаде Иванов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top