Исполнувањето на сите услови кои албанските партии им ги дале на СДСМ значат опасен чекор за отцепување, смета Александар Попов, директор на Центарот за регионализам во Србија.
Ваквата изјава на Попов доаѓа по веста дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ќе ги прогласи Србите за геноциден народ, која ги преполни српските медиуми.
– Желбата за создавање Голема Албанија не е тајна, како ни тоа дека албанските политичари во Македонија своето делување го насочуваат со цел остварување на таа цел – пишува дневниот весник „Блиц“ во анализата под наслов „Каков геноцид, какви будалаштини, тужбата против Србите е плод на албанската фрустрација“.
– Албанците имаат голем проблем со историјата, зошто во периодот на светските војни секогаш биле на губитничката страна. Во балкансите војни се држеа до Турција и загубија и затоа се фрустрирани – вели Душан Јанјиќ за „Блиц“, кој дополнува: „Ние мораме да имаме добри односи со Македонија ако сакаме мир на западен Балкан, без разлика дали им се допаѓа тоа на Албанците или не“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст