Тимот на Челси кој е најголем фаворит за титулата во Премиер лигата по крајот на оваа сезона најверојатно ќе остане без својот тренер Антонио Конте.
Човекот кој ги препороди „сините“ во својата прва сезона има фантастична понуда од Интер за да се врати дома, понуда која според одредени информации веќе ја прифатил. Имено „Тутоспорт“ пренесува оти Конте му кажал „да“ на клубот од Милано и на неговата понуда за четиригодишен договор вреден 15 милиони евра по сезона.
Наводно сега претставниците на групација Сунинг преговараат со Челси и сопственикот Роман Абрамович за да ја договораат цената по која италијанскиот стратег би бил слободен.
Дали овие гласини се точни допрва ќе видиме, но она што е јасно дека Интер ќе претрпе сериозни промени во летниот преоден рок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент