Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска учествуваше на Министерската конференција во рамки на Светскиот конгрес за мобилни технологии што се одржува во Барселона од 27 февруари до 1 март, а на кој учествуваат министри, извршни директори, регулатори и креатори на политики од различни краишта на светот, кои имаат можност за размена на искуства и мислења во однос на предизвиците и можностите во мобилниот сектор.
Како што информираат од МИОА, Арсовска Томовска учествуваше на тркалезната маса организирана од Светскиот економски форум: „Продолжување на разговорите од Давос – Откривање на општествената и индустриската вредност на дигиталната комуникација“, на која се разговараше како да се поттикне јавно-приватно партнерство во насока на искористување на придобивките на дигиталната трансформација. Се дискутираше и на теми како: Отворено и одговорно лидерство, Политики за ослободување на целосниот потенцијал на комуникациите и инвестициите, како и Проширување на опсегот на мобилната технологија за одржлив развој.
– Министерката присуствуваше и на затворени состаноци со Андрус Ансип, потпретседател на Европската комисија, задолжен за единствениот дигитален пазар на Европската инија, со Сунил Митал, основач и сопственик на групацијата Барти ентерпрајсис и актуелен претседавач на Светската асоцијација на мобилни оператори GSMА, како и со други колеги министри за телекомуникации и извршни директори на мобилни оператори, соопшти МИОА.
Министерската конференција секоја година забележува рекорден број на учесници од повеќе од 130 земји во светот, вклучувајќи и меѓународни организации, при што отвора широки можности за комуницирање и меѓусебно поврзување, а воедно вклучува и програми за претставување и истражување на најновите технологии. Истовремено, Светскиот конгрес за мобилни технологии, оваа година насловен како Следниот елемент, го посетија над 100.000 посетители од целиот свет кои имаа единствена можност на едно место да се запознаат со последните достигнувања во областите како Процесирање во облак, Интернет-на-нешта (IoT), Вештачка интелигенција, Виртуелна реалност, Паметни платформи и мрежи и многу други.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст