| четврток, 6 декември 2018 |

УХМР со вонредна временска прогноза

Попладнево и во вечерните часови ќе има повремени врнежи од дожд, најпрво во западните делови, а кон крајот на денот ќе се префрлат на исток. Пообилни ќе бидат во западните делови, каде на места се очекува да наврне околу 15 л/м2. Можна е изолирана појава на грмежи. Кон крајот на денот на планините врнежите ќе бидат од снег, особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, во западните делови од југозападен, а во источните од југоисточен правец и на места ќе достигнува брзина над 70 км/час. Во вечерните часови ветерот ќе биде северен, што ќе предизвика опаѓање на температурата.

Во Скопската котлина ќе биде претежно облачно со умерен, повремено засилен ветер од југоисточен, а кон крајот на денот од северен правец. Доцна попладне ќе има повремени врнежи од дожд со слаб интензитет.

Во втората половина од ноќта вренежите насекаде ќе престанат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top