| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка на патот Гостивар – Тетово – возач тешко повреден по удар во заштитната ограда

soo

Дваесетгодишен жител на гостиварско Сенокосе е повреден откако со автомобилот удрил во заштитната ограда на автопатот Гостивар-Тетово во непосредна близина на гостиварската патарина, информираат од СВР Тетово.

Заради увидот, синоќа речиси два часа сообраќајот на автопатот беше пренасочен по спореден пат.

Повредениот А.О. околу 22 часот со автомобилот „поло“ непосредно по поминувањето на патарината, во правец кон Тетово, загубил контрола над возилото и удрил во заштитната бетонска ограда.

Повредениот е пренесен во Гостиварската болница и е задржан на лекување.

Според портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, најверојатно причина за сообраќајката е неприлагодената брзина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top