Убедливото гласање за Резолуцијата за Република Македонија на денешниот состанок на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) е израз на интерес за Македонија да продолжи на европскиот пат и поддршка за политичка и економска стабилизација, порача известувачот за македонската држава во Европскиот парламент, Иво Вајгл во изјава за МИА по денешното гласање.
Со 54 гласа за и само осум против, како што јавува дописникот на МИА од Брисел, т.н. АФЕТ-комитет со убедливо мнозинство гласаше за Резолуцијата, усвојувајќи ги сите 28 компромисни амандмани (во однос на вкупно 318-те поднесени), при што во истите се содржат и термини „Македонија“, „македонски“ и сл.
– Јас сум многу задоволен што оваа Резолуција беше изгласана со дури и многу поголемо мнозинство во однос на изминатите години. Тоа треба да се разбере како израз на интерес за Македонија да продолжи на европскиот пат, но истовремено и поддршка за политичка и економска стабилизација и воопшто на состојбата во Македонија. Интересно е дека и некои традиционално критички европратеници од соседните земји овојпат не учествуваа активно и не настојуваа да бидат негативни, туку напротив беа конструктивни во сите разговори што ги водевме пред конечното формулирање на оваа Резолуција, вели Вајгл во изјава за МИА.
Известувачот за Македонија и европратеник од Словенија, подвлече дека гласањето за македонската Резолуција значи и поддршка за земјата во најкус можен рок да добие Влада, а по парламентарните избори на 11 декември минатата година.
– Мислам дека денешното гласање треба да се разбере и како поддршка на нашето очекување дека Македонија во најкус можен рок ќе добие Влада и ќе продолжи на патот на реформите, додаде Иво Вајгл.
Конечното изгласување на Резолуцијата на Европскиот парламент за Република Македонија ќе се случи на пленарна седница на ЕП во Стразбур, кога целиот состав на Европарламентот од 751 пратеник ќе го даде својот глас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст