| четврток, 6 декември 2018 |

Венгер одбил мегадоговор со клуб од Кина за да остане во Арсенал

arsen-venger

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер, кој цели две децении е на кормилото на „топчиите“, одбил неверојатна понуда од Кина, која би го направила најплатен фудбалски тренер во светот. Кинески клуб на Французинот му понудил 35 милиони евра годишна плата за да го напушти „Емирати“ и да се пресели во оваа земја, каде што во последните неколку години се вложува енормно во развојот на фудбалската игра.

Сепак, Венгер ја одбил оваа понуда инсистирајќи дека сака да остане во Арсенал. Отпочнати се разговори со раководството на клубот за нова двегодишна соработка, а тој би добил и 25% зголемување на годишната плата. Доколку падне договор за договор до јуни 2019 година, Венгер ќе заработува 12 милиони евра по сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top