Актерката Шенон Доерти, најпозната по улогата на Бренда во серијата „Беверли Хилс“, веќе две години се бори со рак на дојката. Таа завршила со хемотерапијата и напиша дека сега и останува да чека.
– Последен ден од хемотерапија. Сега кога лекувањето е готово, ми останува само да чекам. Чекам тест, чекам да видам дали сум оздравела или не. Тој што ќе се разболи од рак секогаш чека. За оние кои знаат, чекам со вас – напишала 45-годишната актерка до фотографијата на која лежи во постела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.