| четврток, 6 декември 2018 |

Броевите на вашето раѓање ќе ви кажат какви сте во љубовта

Личниот број ќе го добиете со помош на собирање на вашиот датум на раѓање.

Пример доколку вашиот датум на раѓање е 25.6.1989, следува: 2+5+6+1+9+8+9= 40 => 4+0= 4

Број 1

Овие личности љубовта ја разбираат многу рационално и промислено. Доколку од нив очекувате да бидат послушни, како резултат ќе добиете одалеченост и агресивност. Со нив ќе морате да бидете внимателни и да им дадете мотивација бидејќи се склони на неверство доколку врската им стане монотона.

Број 2

Овие личности се многу пребирливи. Тие сакаат практични и интелигентни личности околу себе. Материјалисти се, па лесно ќе се одлучат за партнер кој може да им осигура удобен живот. Доколку искрено сакаат, можат да бидат верни и пожртвувани.

Број 3

Тие сакаат искрено пријателство. Дури кога ќе го осетат партнерот како пријател, се впуштаат во љубовна врска. Љубовта им се темели на почитување и доверба спрема партнерот. Сите проблеми ги решаваат со искрен разговор.

Број 4

Овие личности сакаат долги и стабилни врски.Сакаат брак и рано влегуваат во брачна заедница. Мирен живот и стабилен однос им е животна цел. Во врските се верни, послушни и подготвени на компромис.

Број 5

Личностите кои имаат личен број 5 сакаат вечна љубов која ќе трае цел живот. Лагата длабоко ги повредува и тешко простуваат и забораваат. За нив смислата на животот е да пронајдат вечна љубов. Кога немаат љубов, како да не се живи. Маана во односите им е незрелоста и тежнеењето и желбата за слобода.

Број 6

Овие личности сакаат промени. Тие не се баш за долга и стабилна врска и се во постојана потрага се по партнер кој им одговара. Многу се нежни и чувствителни, но секогаш се во потрага по нешто подобро. Поради тоа, вистинската љубов ја наоѓаат во позрели години.

Број 7

Животот ви поминува во многубројни љубовни флертови и авантури. Овие личности зад себе имаат и по неколку бракови. Постојано се во потрага по љубовни авантури и возбудувања. Често им се случува да не ја разликуваат љубовта од страста.

Број 8

Уживате во љубовни флертови и авантури и смена на повеќе партнери и бракови. Постојано ги одложуваат животните одлуки и важните прашања. За некоја вистинска и долга врска се одлучуваат по 40. година од животот.

Број 9

Личностите кои имаат личен број 9 се врзуваат за постари партнери бидејќи сакат зрелост во врската или бракот. Но во таа потрага често се разочаруваат, но и брзо закрепнуваат и продолжуваат напред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top